Во недела, 28 март, на телевизијата Канал 5, со почеток во 20 часот, ќе се емитува 24-то издание на манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.
Како што велат организаторите, и годинава ќе има награди и наградени, хумор и незаборавно музичко шоу.
– Овој пат, поради големиот интерес, а со желба да усреќиме што поголем број луѓе, влезниците ќе бидат бесплатни за сите. Едноставно, седнете пред ТВ-екраните и барем за миг заборавете на секојдневието, велат од радиото Бубамара.