Виктор Стојанов, претседателот на Фондацијата „Македонија“, на Фејсбук објави фотографија со бугарско знаме пред гробот на Гоце Делчев и повика Бугарите масовно да дојдат на 4. февруари во Скопје, за да му оддадат почит на „бугарскиот херој“ и дека никој не може да ги запре во намерата „да создадат една нова традиција на чествување на Гоце во Скопје“.

Дојдете да го почестите бугарскиот херој Гоце Делчев во Скопје! На 4. февруари – сабота (151 година од неговото раѓање) на неговиот гроб во црквата Св. Спас, во Скопје! Никој не може да ви забрани да положите цвеќе на гробот на нашиот апостол на слободата во Македонија!

Ви благодариме на оние од вас кои веќе ја контактираа Фондацијата „Македонија“ и рекоа дека ќе дојдат. Министерството за внатрешни работи на Македонија ќе биде мобилизирано со полн капацитет (според нивниот министер Спасовски) за одржување на редот и безбедноста. Обезбедивме бесплатен превоз со автомобил! Поаѓање во 7:30 од Софија – од различни точки на градот, враќање – истиот ден!

Дојдете да му оддадеме почит на Гоце во Скопје, за да создадеме една нова традиција – да го чествувме споменот на нашиот Гоце во Скопје!“ – пишува во објавата на Стојанов.