Бурни реакции има деновиве на социјалните мрежи, откако беше објавено дека Агенцијата за филм ќе финансира филм за контроверзниот рапер Слаткаристика.
Од Агенцијата за филм и од Министерството за култура реагираа дека филмот не е биографски, туку е филм за приказната на човек кој успеал во кариерата и покрај говорната мана која ја има. Всупност, фокусот е на децата со проблеми во говорот кои треба да се инспирираат.
Поддршка за Слаткаристика стигна и од Софија. Познатиот бугарски провокатор, Виктор Стојанов, преку неговата фондација Македонија објави дека во Македонија се води хајка против Слаткар затоа што тој е половина бугарин.
-Во Скопје има музичар кој е пријател на Бугарија и бугарски државјанин со мешано српско-бугарско потекло – Слаткаристика. Тој сега доби финансирање од Министерството за култура на Република Македонија и целата „националистичка“ заедница на Северно-Македонци „скокна“ против него со аргументот: „Како можеше државата да го финансира Сладкариста, кој беше пријател на Бугарија, а ова беше неприфатливо“… Мора да се бориме против ова зло со сите средства и сили, бидејќи е на нашите граници и сака наша културна смрт, како и да нема бугарство во Македонија… – пишува Стојанов.

Проверката на факти говори дека никој во Македонија не го нападнал Слаткар поради нешто побрзано со Бугарија. Нападите кон него доаѓаат поради неговата поддршка за промената на името, поради поддршката која јавно ја даде на СДСМ на последните избори и поради текстовите во кои сексуализира малолетници.
