– Имаме уште шанси да ја поминеме групата, треба што попрво да се опоравиме. Да бидеме во наша најдобра физичка подготвеност и да анализираме кои се слабите страни на Унгарија. Со повеќе концентрација можеме да оствариме подобар резултат, рече тој.

Муслиу вели дека ако Македонија ги искористила шансите кои ги имала, резултатот ќе бил на наша страна.