Витаминка и оваа година ги претставува своите производи на саемот ISM 2025 во Келн, Германија, кој се одржува од 2 до 5 февруари. Целосниот асортиман од слатката програма на Витаминка, кондиторски производи, солени и крцкави закуски се изложени на најголемиот саем кој претставува центар на иновациите и најновите трендови во кондиторската индустрија.

„Тука се презентираат нови трендови, иновативни производи и перспективи пред најголемите компании од секторот од голем број држави, почнувајќи од Германија и нејзините соседни земји, до Гана и Индонезија, преку Австралија и Костарика. Витаминка е редовен изложувач на ISM и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Нашето учество на овој саем има исклучително значење, бидејќи го претставуваме и промовираме македонското производство и воспоставуваме нови бизнис соработки“, вели Илија Наумоски, помошник оперативен директор на Витаминка.

На саемот беа присутни и претставници од секторите на Витаминка, Извоз, Производство и Развој.

Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија
Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија

Пред халите за влез, хостеси делеа флаери и познатиот Стоби флипс, со што учесниците и посетителите имаа можност да се запознаат со производите на компанијата и да го дегустираат уникатниот флипс.

Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија
Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија

Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија Витаминка ги претстави своите производи пред светската јавност на саемот ISM во Германија

Витаминка е една од 1500-те компании од 70 држави кои учествуваат на саемот ISM 2025. Со учеството на овој саем се отвора можност за запознавање со најголемите технолошки иновации и трендови во кондиторската индустрија, со главен фокус врз потребите на потрошувачите и стимулирање на компаниите за проширување на својот спектар со нови и иновативни производи што ќе одговорат на барањата на консументите.