Имено, според рускиот диетолог Ина Пичугина, во отсуство на овој витамин, кој се содржи во зелената храна, интерлевкинот во организмот се намалува, што предизвикува проблеми со имунитетот и стареењето се забрзува.

– Ако некаде има оштетување на крвните садови, се создава тромб и крварењето престанува, објасни Пичугина.

Витаминот К е од групата витамини растворливи во масти. Тој е неопходен за синтеза кај протеините и е вклучен во коагулацијата на крвта.

Овој витамин е неопходен за нормално функционирање на бубрезите, а исто така помага и во односот калциум – витамин Д, кој е важен за коскениот систем и сврзните ткива. Покрај тоа, ова е потребно и во развојот на коскената структура кај децата. Кај постарите лица штити од остеопороза.

Витаминот К се наоѓа во спанаќот, зелената салата, зелката, како и во црниот дроб. Според научно истражување на стручњаци од Холандија и Белгија, недостаток на витамин К предизвикува компликации и може да биде фатален кај случаи со Ковид-19. Експертите откриле дека недостатокот на витамин К е еден од важните фактори што доведуваат до потешко оштетување на белите дробови.

Недостаток на витамин К води и до оштетување на крвните садови и тромбоза, што исто така, предизвикува тешки компликации и ненадејна смрт во случај со коронавирус.

Стручњаците препорачуваат јадење повеќе зелен зеленчук, масни сирења, млеко и путер за да се одржи потребната количина витамин К во телото.