Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 619 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 58 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 50 болни, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 89, во ковид центарот во Гостивар 23, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 34 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 7, Кавадарци 64, а во Гевгелија 15 лица, позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.