Во текот на денешниот ден, до 18:30 часот, на територијата на Македонија се регистрирани вкупно 21 пожар на отворен простор, од кои осум се сè уште активни, додека 13 се целосно ликвидирани, информираат вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според извештајот на ЦУК, противпожарните екипи во моментов се борат со огненот во следните општини и локации:
-
Општина Дебар: кај селото Горно Косоврасти, каде што гори мешана шума;
-
Општина Ресен: во атарот на селото Кривени, зафатена мешана шума;
-
Општина Струга: кај селото Пресеников, каде што гори ниска вегетација;
-
Општина Чашка: во регионот на селото Горно Јаболчиште, зафатена мешана шума;
-
Општина Неготино: во месноста „Мушинци“, каде што гори ниска вегетација;
-
Општина Велес: кај селото Мамутчево, зафатена ниска вегетација;
-
Општина Липково: во атарот на селото Стрима, каде што гори мешана шума;
-
Општина Сарај (Кондово): во регионот на селото Кондово, зафатена ниска вегетација.
Во текот на денот, интервенциите на противпожарните служби овозможија целосно гаснење на 13 пожари на отворено. Пожарите беа ликвидирани во Општина Струга (селата Мислешево, Ливада, Подгорци и населбата АС Камп), Општина Новаци (селата Брод и Ношпал), Општина Прилеп (потезите Дрен – Смолани, Сенокос и Коњари), Општина Струмица (село Моноспитово), Општина Тетово (село Теарце), Општина Гостивар (село Јеловце), како и во Општина Куманово, каде што беше изгаснат пожарот на депонијата Краста.
Од ЦУК наведуваат дека најголемиот дел од денешните инциденти зафатиле ниска вегетација, но забележани беа и сериозни пожари во мешани шуми, на стрништа и на депонии.
