Социјалните категории граѓани и невработените во наредните четири месеци ќе добијат ваучери по 3 илјади денари, додека пензионерите со ниски пензии по шест, односно 3 илјади денари.

Ова се дел од мерките во новиот пакет помош за надминување на енергетската криза насочен кон граѓаните. Владата само за овие мерки одвоила над 20 милиони евра.

Освен училиштата и јавните установи кои ќе добиваат поволна цена на струја, Владата на листата ги додаде и мерните станици за водни пумпи, со цел како што велат граѓаните да не останат без вода за пиење.

Во овој сет мерки малите и средни претпријатија добиваат и олеснети услови за кредити.

Додека големите фирми за конкретни мерки помош ќе почекаат уште некоја недела, вели Ковачевски. Надлежните се уште анализираат кои компании ќе бидат финансиски помогнати. Субвенционирање на сметките за електрична енергија ќе има само за оние фирми кои произведуваат основни продукти како и најголемите потрошувачи на струја.

Министерот за економија Бектеши најави и дополнителна мерка за производителите на основни производи која ќе стапи на сила од први декември, но не откри за каква помош станува збор.

Пакетот тежи 350 милиони евра. Дел од мерките за да стапат на сила ќе треба да го почекаат собранискиот филтер.

12 000 ден. за 42 илјади граѓани

(социјални категории, лица со попреченост, самохрани родители, невработени лица…).

Пензионери:

6 000ден. за пензии до 11 525ден.

3 000ден. за пензии до 14 000ден.