Согласно извештајот на Европската комисија, Владата го задолжи Секретаријатот за европски прашања (СЕП), во соработка со ресорните министерства да ја ажурира Агенда Европа дома согласно краткорочните приоритети од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2021 година најдоцна до 22 ноември 2021 година.
– Министрите во Владата денеска ја разгледаа и усвоија и информацијата за клучните наоди и препораки од Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2021 година, во кој се констатира дека земјата продолжува да ги исполнува условите за отворање на пристапните преговори, и дека властите јавно ја демонстрираат својата цврста посветеност за напредок на земјата на нејзиниот пат кон ЕУ, соопшти владината прес-служба.
Комисијата, појаснуваат, ги повика земјите членки без одлагање да ја усвојат Преговарачката рамка и да се одржи првата Меѓувладина конференција, и укажа дека одложувањето на официјалното започнување на пристапните преговори има негативно влијание врз кредибилитетот на ЕУ.