Независниот синдикат на професионални војници (НСПВ) реагира по низата обиди Владата да го слушне и реши нивниот проблем. Единствено со што се соочуваат во обидот да си го добијат тоа што им припаѓа, е игнорантскиот однос на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Министерката остварила средба со дел од професионалните војници кои се подготвувале да излезат на протест, но никој од Независниот синдикат, дури ни претседателот, не бил поканет на средбата., пишуваат од КУРИР.

НСПВ во изминатиот период поднесе барање до министерката Петровска каде што беа побарани итно решавање на одредени проблеми во Министерството за Одбрана, како што е предлог законот за еднократна испратнина на професионалните војници по навршување на 45 години возраст. Од неа одговор немаат добиено.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.