600 производи со намалени цени во новогодишната кошничка
Се готви новогодишната кошничка, над 600 производи ќе имаат намалени цени.
Од наредната недела ќе стартува мерката, но од економија не откриваат кои продукти ќе имаат пониски цени, туку на листата ќе бидат производите кои најчесто се наоѓаат на новогодишната трпеза.
Мерката ќе трае еден месец и се носи во консултација со бизнисот.
Зголемување на минималецот – ќе биде најмалку 24000 денари од март
Владата, синдикатите и работодавците ќе дискутираат за можностите да се зголеми минималецот, но според министерот Дурмиши, тоа ќе зависи од можностите на државата.
Се прават последните консултации меѓу трговците, производителите и синдикатите. Она што е сигурно е дека минималецот ќе се покачи за 1600-1800 денари. Со тоа минималецот во март ќе биде најмалку 24.000 денари, а министерот Дурмиши дека да се прашувал тој минималецот би изнесувал 600 евра.
Државата кубури со кадар – синдикатите бараат покачување
Синдикатите потсетуваат дека над 25.000 работници земаат минимална плата. Оттаму велат дека во услови кога државата кубури со кадар неопходно е да се покачи минималецот. Наредната недела треба да падне одлука дали таа ќе порасне на 450 евра.