Владата  го демантира и го отфрла како дезинформација објавеното на информацијата  за изоставање на одредени стихови од химната на Македонија за време на официјалниот пречек на претседателот на Владата на Република Бугарија, Кирил Петков.

Во продолжение соопштението во целост

Воениот оркестар на Армијата на Република  Македонија, согласно воениот и државен протокол, се ангажира при пречек на странските државници на највисоко ниво при што секогаш и без исклучок се интонираат инструментални верзии на државните химни, а никогаш не се изведуваат химни со стихови и вокали.

Оттука, дезинформација е дека кој било стих од химната бил скратен бидејќи стихови воопшто не се изведуваат при вакви церемонии. Ова е востановена пракса во протоколите за пречек како во  Македонија така и во светски рамки.

Дека химните во вакви прилики се изведуваат без вокали и само во инструментална кратка верзија може лесно да се утврди при прегледување на снимките на сите претходни пречеци на државници на највисоко ниво кои ја посетувале Република Северна Македонија достапни на Јутуб каналот на Владата.