Владина делегација на средба со бизнис-коморите на Дубаи и Шарџа

На вториот ден од посетата на Обединетите Арапски Емирати, премиерот Мицкоски и владината делегација на средби со првите луѓе на бизнис-коморите на Дубаи и Шарџа. Клучни цели за двете држави се зајакнување на билатералните односи, отворање нови перспективи за бизнис-заедницата, презентирање на инвестициските потенцијали на Македонија.

Мицкоски најавува можни инвестиции

Мицкоски разговарал со стопанствениците за конкретни иницијативи кои можат да придонесат за зајакнување на економските врски, особено во трговијата, инвестициите и технолошкиот развој. Разменети идеи и за поддршка на претприемништвото и промоција на деловните потенцијали на двете земји.

„Разговорот беше насочен кон создавање мостови на соработка меѓу нашите економии, размена на добри практики и идентификување можности за заеднички инвестиции и поддршка на приватниот сектор. Ваквите средби се клучни за зајакнување на билатералните односи и отворање нови перспективи за бизнис-заедницата“вели Мицкоски.

Најавен нов лет од Скопје до Дубаи

Николоски најавува директен лет Скопје – Дубаи

Дел од владината делегација и вицепремиерот и министер за транспорт, Николоски. Туризмот, инфраструктурата, образованието се во фокусот на разговорите за соработка со Обединетите Арапски Емирати. Најави потпишување на неколку договори за економска соработка, се преговара за уште најмалку два лета со „Ер Арабиан“.

Економската соработка со Емиратите: Туризмот, инфраструктурата и образованието во фокусот – очекувања за директни инвестиции и нови работни места, вели Николоски

Во рамки на посетата, премиерот Мицкоски претходно оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати нагласувајќи ја отвореноста за подлабока билатерална средба. Посетата на владината делегација продолжува до четврток.