Заклучно со август, постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и речиси три милиони ноќевања, што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта што сами си ја зададовме на почетокот на годината – истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги последните податоци на Државниот завод за статистика за растот на туризмот.
Одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на новото основно училиште во Ченто, тој појасни дека заклучно со август имаме речиси еден милион туристи, некаде околу 980.000 и околу 2.730.000 преноќувања.
– Но она што повеќе ме радува е навистина големиот бум што се случи во летните месеци јули и август и кој траеше и во месеците потоа. Во август бројот на туристи од странство, во споредба со истиот месец минатата година, е поголем за 11,1 %, а бројот на преноќувања е поголем за повеќе од 20 %, што претставува навистина нешто што сите нас пријатно нѐ изненади, но и потврда на заложбите на Владата да ги промовира туристичките потенцијали на земјата и на тој начин да привлекуваме туристи – рече Мицкоски.
Според него, тука е и договорот потпишани со туристички агенции што носат туристи и оти не треба да се заборави фактот дека дојдовните и патниците што патуваат надвор од земјата на нашите аеродроми е зголемен за 30 % во споредба со истиот период од минатата година.
