Власта го забрза темпото за донесување на спорните 5 закони што произлегоа од Договорот со Бехтел и Енка – Во парламентот и пленарна седница, но и продолжение на Комисијата за европски прашања.

Опозицијата и понтаму тврди дека владините измени неделовнички го носат европското знаменце, а решенијата во нив се и противуставни.

Во пленарната сала, на аргументите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека се воведува дури 72 часовна работна недела, одговараше единствено заменик-министерот за труд и социјална политика.

На Комисијата за европски прашања, пак, прв ден расправа за законот за урбанистичко планирање.

Проценките на власта се дека законите за изградба на Коридорите ќе бидат донесени до крајот на оваа недела. Опозицијата пак, веќе размислува некои од нив да ги оспори пред Уставниот суд.