Власта ја злоупотребува МВР, прекршочните казни за народот кој блокираше во Струмица се спротивни на Устав. Граѓаните имаат Уставно загарантирано право на протест. И тоа свое право можат да го искажат и со блокади и друг вид актовности. Власта има должност да го гарантира ова право на граѓаните, а не да го попречува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Во текот на последните два дена низа граѓани кои го блокираа патниот правец Струмица – Радовиш, со цел да го изразат својот револт кон владата која го турка штетниот предлог за бугаризација добија прекршочни казни во висина од 50 евра во денарска против вредност за движење по пат и 35 евра за паркирано возило.

Платни налози за плаќање на казно добиле и луѓе кои не биле воопшто на блокадата.

По системот на казнување се гледа дека единствена причина и цел е заплашување на народот да не излегува на протест, стои во партиското соопштение и се додава:

„И сето ова се случува кога во реон на СВР Струмица има нерасчистено убиство на младо момче, за кое постојат индиции дека е извршено од луѓе блиски до власта.

МВР не го решава случајот со убиството во Ново Село, но затоа мисли дека ќе го заплаши народот.

Никој повеќе не се плаши. Народот нема да дозволи бугаризација по теркот на Ковачевски. Залудни им се сите казни. Народот вели НЕ!“.