На 13.01.2023 во 11.45 часот на ул.„11 Ноември“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.И.Д.(36) од Куманово.

Таа се сомничи дека на 12.01.2023 околу 08.30 часот во аптека на ул.„11 Октомври“ од лицето Г.М.(38) од Куманово одзела мобилен телефон и платежна картичка. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.