-Во однос на земјоделското земјиште, мислам дека се работи за еден мафијашки обид за распродажба на Македонија. Откако Зоран Заев се обиде да реализира неколку лукративни проекти и ниту еден од нив не му успеа, сега последниот голем таканаречен проект кој се обидува да го реализира е распродажба на земјоделското земјиште, нешто на што не помислиле генерации и генерации македонски политичари без разлика дали во поранешна Југославија или во денешна Македонија, Зоран Заев се најде најпаметен да го прави тоа, истакна Николоски.
Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе се спротивстави и ќе ги употреби сите механизми во Собранието за овој закон да го спречи, затоа што државното земјоделско земјиште треба да се даде на земјоделците и оние кои сакаат да работат, да го работаат под концесија, но никако да се продава, а особено не смее да се дозволи да се продава на луѓе со криминални намери кои што се од државата или од странство, но кои што немаат чесни намери.
-Планираме да дадеме конструктивни амандмани кои ќе дадат најдобро решение. Доколку истите не бидат прифатени, а да бидам искрен не очекувам да бидат прифатени затоа што нема чесна намера, ќе направиме сѐ за да го блокираме законот, нагласи Николоски.