Студијата која од февруари ја спродува научен тим од Центарот за медицински истражувања во Белград, покажува дека една петтина од ревакцинираните со „Синофарм“ вакцината во Србија не развиле антителата коронавирусот.

За еден дел од таа група испитаници кои покажале некаков одговор, макар тоа било и под референтните вредности може да се оечкува во случај на контакт со вирусот да бидат барем делимуно заштитени, но има и такви кои ниту малку не реагирале на вакцината, пишува српска „Политика“.

Докторите од Институтот сега се прашуваат како вторите ќе се заштитат од заразата и кога ќе добијат следна вакцина на која организмот би требало да реагира.

Според информациите дадени од премиерката Ана Брнабиќ на 26 април, кога 500.000 вакцини „Синофарм“ пристигнале во Србија, нивната земја досега набавила вкупно три милиони дози вакцини за коронавирус од Кина. Во средата пристигнале нови 440 000 дози. Ова значи дека 1.720.000 граѓани ќе бидат вакцинирани со оваа вакцина во еден момент. Ако истражувањето покаже дека една петтина од нив воопшто не развиваат антитела и дека тоа е почесто кај најстарата популација, која почесто е придружена со хронични заболувања, јасно е дека се поставува прашањето за дополнителна вакцинација на овој дел од населението е сосема оправдано.