Доста е!“ доктор Кирил Лазов истакна дека имаме над 5.300 починати жители, а како илустрација, тој посочи дека во Втората Светска војна сме немале толкава бројка на починати, односно загинати граѓани.

Членот на Извршниот комитет д-р Трајко Славевски порача дека стапката на раст од ветените 5 % просечно годишно е само 0.7 проценти годишно.

Причината е во тоа што владата предводена од СДСМ и ДУИ на чело со господинот Заев немаше јасен план немаше модерен пристап во тоа како да ја поддржи македонската економија од самиот старт – изјави Славевски .

Професорката Весна Јаневска претседателка на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека под терминот реформа во образованието се крие политичка агенда на власта со две цели.

Првата цел е вметнување во образовниот процес на резултатите со преговорите со Бугарија и евентуално на некои детали од договорот од Преспа и втората цел е изнајдување на начин на трошење на 21,5 милиони евра кредит од Светската банка – изјави Јаневска.

Претседателот на Комицијата за земјоделство, Цветан Трипуновски, истакна дека со распродажбата на земјоделско земјиште власта практично се обидува да ја распродаде Република Македонија.

Планираат во првите три години со годишните програми што сакаат да ги донесат да продадат 50.000 најквалитетно земјоделско земјиште. Очекуваат прилив од некои 300 милиони евра, коишто согласно поделбата и методологијата дел ќе потпаднат под општините, дел под централната власт и нормално ќе ги потрошат за непродуктивни трошења кои што ги имаат направено во изминатиот период. Накратко кажано, ќе останеме и без квалитетна почва македонска и без средствата кои што ќе ги добиеме, вели Трупуновски.

Гордана Димитриеска-Кочовска, член на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека инфлацијата во земјава се зголемува како резултат на порастот на целата на електричната енергија.

Инфлацијата најмногу се зголеми како резултат на порастот на цената на електричната енергија или 25% во инфлацијата учествува порастот на електричната енергија – изјави таа.

Татјана Ристова-Димова од Комисијата за труд и социјална политика истакна дека власта требаше да спроведе социјална реформа која ќе допре до сите граѓани.

Требаше да се говори за една реформа која што ќе допре до сите граѓани наместо тоа останавме некаде кај р буквата од реформите и останавме некаде во законите на „ќе“. Добивме закони кои што воведоа методологија за која што и законската легислатива и подзаконските акти ниту се подготвени ниту ги предвидуваат ниту ги дефинираат – вели Ристова-Димова.

Синиша Ивановски, претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт истакна дека со СДСМ на власт вредноста на чинење на автопатот Кичево-Охрид стигна до 800 милиони евра од прaвилно предвидените 411 милиони евра.

Не смеам да ја скокнам темата Кичево-Охрид автопатот, иако е премногу често говорена, премногу често дискутирана и премногу често има негативни реакции се соочуваме со уште еден анекс, анексите коишто ги добивме од оваа влада СДСМ се исклучиво по два основи или зголемување на вредноста на чинење на овој автопат или вториот основ пролонгирање на рокот. Од приближно 411 милиони евра проектирани за овој автопат од 57 километри стигнуваме до 800 милиони евра – посочи Ивановски.

Претседателот на Комисијата за култура, Зоран Љутков, истакна дека во министерството за култура се фузираат многу некомпетентни кадри, а во моментов има распад на сите национални институции и нема јакнење на капацитетите, има губење на работни позиции коишто се од стратешко значење внатре во институциите.

Борко Ристовски, претседател на Комисијата за спорт, истакна дека спортскиот ваучер е наменет и е направен исклучиво за корупција и исклучиво да се дава на клубови и поединци коишто се под нивна контрола или контрола на нивни пријатели и сопартијци.