СДС и портпаролката Богданка Кузеска очигледно немајќи што да прават денес, одлучија да одржат прес-конференција на тема земјоделие.

Кузеска и СДС како да не се од Македонија, како да не живеат тука или пак лажењето им е стил на однесување, карактерна особина.

Денеска се утепаа од лажење, како немало пари за земјоделците, немало инвестиции, немало откуп или бил намален, субвенциите биле намалени. Па одат и понатаму и заклучуваат повторно огромна глупост се уништувале сите области како градинарство, лозарство, сточарството итн.-
соопшти ВМРО-ДПМНЕ во реакција на ставовите на Кузеска.

Да не ги набројуваме проблемите кои беа затекнати во земјоделието, тоа одзема многу време и место, ама затоа ќе се обидеме кратко да истакнеме дека говорат лаги. Со неколку податоци.

За се има конкретни бројки и конкретни резултати.

Има зголемен извоз на земјоделски производи и нивни преработки од 417 милиони евра во 2025 година, или суфицит од 215 милиони евра за истата година.

Производството на кравјо млеко за 2025 година бележи раст од 2,7% споредбено со 2024 година.

Произведени се вкупно 300.000 тони пченица во 2025 година што е еквивалент на она што е потребно на Македонија за задоволување на домашните потреби.

Од преземањето на власта до денеска исплатени се над 15 милијарди денари субвенции кон земјоделците во државава.

Ова се бројки, ова е прецизно и говори само едно, дека можеби раководството на СДС му удрило сонцето во глава и лаже, или едноставно лажењето е нивна карактерна особина – стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.