-Цените на основните продукти во последната година дена се зголемени и до 20% при продажба на мало, тоа не треба да го кажат некакви истражувања, тоа го чувствуваат и гледаат граѓаните секој ден, се посочува во партиската реакција.

Од таму предупредуваат дека, спротивно од Заев за кого, како што велат, сè е розово, гувернерката на НБРМ посочила на можно зголемување на инфлацијата, а производителите предупредуваат на покачувања на цените и до 50% во малопродажба.

-Заев е виновен за ценовната спирала и шок кој нè очекува, и за да се амортизираат ефектите мора итно да се делува, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека кога тие биле на власт, во 2007 и 2008 година, успешно се справиле со таква опасност кога цените насекаде во светот скокнале.