Неспособноста на Шилегов се гледа и во тоа што 40 минути немаше екипи за гаснење на пожарот додека гореа бараките на судот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Главните прашања на кои треба да се одговори, дали станува збор за подметнат пожар на местото каде треба да се изградат згради? И дали во бараките има документација која уплашената власт во заминување ја уништува?.
Пожарот се гасеше со четири противпожарни возила кои дојдоа со големо задоцнување и кога пламените јазици веќе ги зафатија бараките.