ДУИ и СДС имаат 2 нови бонбона бизниси, со кои сакаат да ги задолжат и неродените деца во Република Македонија, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Се работи за 2 инвестиции, кои што македонската јавност треба да ги знае. Едната е изградба на т.н. агрофотоволтаик, кој што се протега во делот помеѓу Штип и Свети Николе, а втората е фотоволтаикот во општина Пехчево. Првиот агрофотоволтаик е француска инвестиција, а оној во Пехчево е бугарска инвестиција. Со таканаречената инвестиција помеѓу Штип и Свети Николе, ќе има фотоволтаици на околу 500-тини хектари земјоделска плодна почва од прва, втора и трета категорија. Воедно сите земјоделци на тој потег, ќе го изгубат правото на користење на ова земјиште. Таа земја ќе им се отстапи по 0,14 денари за м2 закуп, а имаат право потоа да ја дадат повторно, на некои индивидуални земјоделци, според ценовникот кој што го има државата, а тоа е 70 денари по м2. Значи тоа е 500 пати повеќе. Од ова само може да се заработи повеќе од 9 милиони евра годишно. Таа енергија, која што ќе ја произведува инвеститорот, државата му гарантира цена во следните 30 години, дека ќе му ја откупува. Таа цена ќе биде 57 евра за мегават час. Со тоа што секоја година ќе расте до 2%, значи секоја година од прилика по едно евро ќе расте цената. Годишниот приход од оваа загарантирана електрична енергија, што ќе ја продадат на државата е повеќе од 40 милиони евра. Што значи кога ќе се пресметаат добивката и сето она кое што претставува трошок, а е многу минимален како оперативен трошок, од 30 години за 7 ипол години ќе ја вратат инвестицијата. 22 и половина години тие ќе печалат на грбот на овој народ, истакнуваат од опозициската партија.
Криминалците од ДУИ и СДС, не мируваат ни во своите последни денови, ја користат секоја можност и секој ден, што повеќе да се збогатат на грбот на народот. Сакаме да им порачаме дека им следи потоп во мај, од страна на граѓаните, а потоа граѓаните ќе добијат и правда, која сите ја бараат и на крај за криминалците ќе има одговорност, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.