Стојанчо Радичевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Неговата кандидатура била едногласно поддржана на редовна седница на Извршниот комитет на партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Радичевски во моментов е претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница. Дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а има и магистратура по граѓанско право.
„Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на Општина Брвеница“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ изразија очекување дека нивниот кандидат ќе оствари убедлива победа на вонредните локални избори во Брвеница.
