Раситнетата коалиција каде ги нема БЕСА, ЛДП, ДОМ, партијата на турците, партијата на бошњаците е коалиција за пораз, и тоа покажува дека Заев си одбра друштво во кое ќе доживее пораз.
На СДСМ и фалат 5 партии од последната коалиција на минатите избори. Партии го напуштаат бродот кој тоне. 5 партии не сакаат да го споделат поразот со Заев. Коалицијата на Заев е коалиција на лузери. Заев изгледа и делува осамено сo истите и истрошени ликови кои не направија ништо ново 5 години по ред.
5 години нема ниту еден проект, нема општина каде нивото на реализација на програмата на градоначалниците на СДСМ не е под 20%. Има само криминал и корупција, нема работа за фирмите на народот, но има за фирмите на Заеви, во администрација не се вработуваат способните, туку роднините на функционерите.
Заев е најдобро да си замине. Заев е најдобро да се повлече. Заев е најлошото во земјата.
Заев остана со Тито Петковски, Павле Трајанов и Стојанче Ангелов.
СДСМ и Заев останаа со својот пораз.