Димитар Ковачевски е пион на Зоран Заев и верен продолжувач на заевизмот. Цело време молчеше додека заевизмот ја туркаше Македонија во кризи, па и самиот беше учесник во лошите политики на власта, и затоа сега тој не може да се нуди како решение, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението на партијата е наведува дека Ковачевски е пионот на Заев е лика и прилика на Заевизмот со сите нишани, почнувајќи од неодговорноста, па до манипулациите.
Ковачевски, пионот на Заев, беше фатен во пропагандната лага на заевизмот која се обидуваше да го прикаже како хардварски студент, а всушност тој посетувал неколку дневен скапо платен курс. Уште повеќе што постои основан сомнеж како ја стекнал и неговата докторска титула, имајќи предвид дека докторатот го одбранил во Црна Гора во време кога неговиот татко е амбасадор во таа земја, а тој во исто време е носител на висока позиција во македонскиот телеком. За докторски студии потребно е докторантот да престојува во земјата каде се наоѓа Универзитетот, да врши истражувања и друг вид активности. Но очигледно во заевизмот се е можно, стои во соопштението.
Ковачевски, пиунот на Заев не може да биде иднината на Македонија. Тој може да биде само верен послушник и ништо повеќе.
Вистинскиот напредок на Македонија е можен само со пораз на заевизмот на предвремени парламентарни избори.