Македонија станува посакувана дестинација за странски туристи, со раст на посетителите од скоро 20% во првите шест месеци од 2025 година

Македонскиот туризам расте и се развива. Македонија станува посакувана дестинација за странски туристи кои сакаат да ги посетат градовите, селата, езерата и планините. Покрај природните убавини, туристите уживаат во македонската традиционална кујна и вина.

Преземените мерки и добро планираните политики на Владата во секоја област почнуваат да даваат резултати, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во првите шест месеци од годинава, според податоците на Државната статистика, речиси 400 илјади странски гости ја посетиле Македонија. Бројот на странски туристи бележи раст од скоро 20 проценти споредено со истиот период лани.

Вкупниот раст на туризмот во првото полугодие, споредено со истиот период од 2024 година, изнесува 13,5 отсто. Исто така, реализираните ноќевања се зголемени за 8,5 проценти. Овие бројки не се само статистика, туку резултат на посветена работа на сите чинители во владата, кои вложуваат максимални напори за подобрување на состојбите во државата.

Ваквите позитивни резултати претставуваат дополнителна мотивација Владата уште поинтензивно да работи за реализација на поставените цели. Целта е Македонија да биде развиена и пристојна земја за живеење, каде секој граѓанин може да ја гради својата иднина, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.