Ваква одлука донело раководството на партијата на синоќешната седница на Извршниот комитет, по условот од Заев дека СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата ако го содржи новото име „Република Македонија“, а не негова кратенка или старото име „Република Македонија“. ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати една одлично структуирана Резолуција, да стане предмет на партиски калкулации и пазарења, велат од партијата на Мицкоски.
-Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ останува на предложениот концепт за единство на сите политички партии, зад текстот кој е создаден и напишан од врвните научни, образовни и општествени институции МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА.Фактот што СДСМ одлучи да го промени својот став по трет пат и да отвора теми кои не се поврзани со содржината на резолуцијата, за жал ги ослабнува позициите на Македонија во било какви идни разговори со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.