Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

– Кандидати кои имаат визија, план и стратегија за подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и за градење и развој на секоја општина.

Во понудата на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори кои ќе се одржат на 17 октомври се докажани професионалци, стопанственици, доктори и опшественици кои се докажани и познати во средините од каде што доаѓаат.

Нова сила во политиката која ќе донесе промени во секоја една општина, нови работни места, нови улици и нова инфраструктура. Кандидати кои ќе допринесат за развојот и просперитетот во својата средина, кои што во нивните програми ќе има место за секој еден граѓанин да почуствува дека е опфатен во креирањето и градењето на неговата општина.

Кандидати кои се во секојдневна комуникација со народот, и кои одговорно и посветено ќе работат за граѓаните.

СДСМ нуди кандидати кои што имаат криминално досие или се во целосна одбрана на криминалот на власта. Истите стари потрошени и докажано неспособни кадри кои што немаат реализирано ниту 10% од своите програми од претходните локални избори, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.