ВМРО-ДПМНЕ: ОО СДС Арачиново скандалозно избира професионални војници, дезертерот Ковачевски, Славјанка и Зечевиќ се директно одговорни за оваа партизација

В
Скопје 29.09.2022. 10:29

Скандалозна е објавата на општинската организација на СДС во Арачиново со која ги повикуваат да се јават во партиската организација жителите кои сакаат да се вработат во Армијата како професионални војници. Ова е срам за Македонија како членка на НАТО. Според кои стандарди на НАТО се врши ваков избор на професионални војници во париска организација?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тоа што вчера јавноста го дозна беше само кулминација на тоа што СДС и ДУИ го правеа изминатите 5 години. Максималната партизација во секоја институција ја донесе државата до ова дереџе.

За ваквата пракса за партиски избор во АРМ сигурно знаеле и дезертерот Ковачевски и Миле Зечевиќ и министерката Славјанка Петровска и во најмала рака за ваков срам ќе имаше оставка уште вчера, додаваат од партијата.


Подкаст

Подкаст