Како што рече Николоски, до нив стигнале нови документи за пасоши на криминални структури. Тој јавно праша дали македонски пасош издаден од МВР имал и водачот на познат нарко картел од Албанија?
Николоски откри дека МВР во регуларна постапка на 17 јули 2019 година му издала македонски пасош и на шефот на нарко клан од Албанија, Флоријан Мусаи, со позајмен идентите на Наум Фило роден на 22 јануари 1986 година.
-Според информациите кои ги добивме. По добивањето македонски пасош во 2019 година Мусаи непречено патува низ повеќе евроспки држави за во октомври 2019 да пристигне во Јужна Америка, рече Николоски.
Втората индиција, додаде Николоски е дека македонски пасош поседува Стеван Ѓукиќ кој е осмоничен за обид за убиство на еден од водачите на т.н Кавачки клан. Обидот за убиство се случил во Киев, Украина а името е Радивоје Звицер. Ѓукич имал македонски пасош на име Каче Герѓи.
-Вистинското прашање е зошто овие пасоши, дел издадени уште во 2017 беа премолчувани од власта се до отворањето на аферата „Мафија“ од страна на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто кога Јован Вукотиќ бил осуден во Белград за поседување на мекдонски пасош со лажен идентитет МВР не реагирало? Како е можно Седат Пекер, кој според МВР бил протеран, четири дена по протерувањето да се слика во полициска станица во Скопје за лична карта и пасош? Зошто МВР нема издадено потерница по ниту еден од овие мафијашки босови и зошто за злоупотеба паѓаа ситни риви со цел да сее заштитат крупните риби? Одговорот е да се заштитат крупните риби. Зошто МВР не проверува какви банкарски сметки имаат ови луѓе во земјава. Ова мора да заврши со оставка и одговорност, истакна Николоски.
Тој потенцира дека нема граѓанин кој верува во приказната дека „мафијашки бос извадил легален пасош со украден или лажен идентитет кај обичен полициски службеник“. Такво кривично дело, додава Николоски, е возможно најмлаку со знаење на претпоставениот кој е поставен директно од Оливер Спасовски. Според него, целта е ситните риби да одговараат за да може крупните да се спасат.
Прес конференција на Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ: Афера „МАФИЈА“
Posted by ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО on Wednesday, April 7, 2021