Коалицијата на СДСМ и Левица во Општина Битола само ја потврди нивната соработка која почна во Градот Скопје, потенцираат од ВМРО- ДПМНЕ. Прашуваат дали „како што СДС ја договори Левица за коалиција во Битола и Скопје, ќе ја договори да ги гласа и уставните измени?“
Дали СДС и ДУИ се заортачија со партијата на Апасиев и кој кого држи во заложништво сега?Оваа коалиција на СДС/ДУИ/Левица во Битола само покажува за какви непринципилени субјекти станува збор. Тие не можат да се помират со успешноста на локалната власт во Битола и сега почнуваат да кочат и да опструираат. Граѓаните видоа дека едно зборуваат, а друго прават. Ова е коалиција на Левица која е спремна на се само за да добие некој бенефит, а СДС исто така е спремна се да проголта за да ги реализира своите штетни политики во кои припаѓаат и уставните измени.Народот гледа и народот ќе ги казни на следните избори овие ортаци од СДС, ДУИ и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ.