СДС денес повторно се обиде да произведе „изјава“ што министерот Муцунски никогаш не ја дал. Тврдат дека рекол дека разговорите се водат „под радарот“. Има само еден мал проблем: таква изјава нема, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ.

Затоа, наместо уште едно долго соопштение, имаме едноставен предизвик за СДС:

Објавете ја снимката.

Не медиумски наслов.

Не партиска интерпретација.

Не туѓо прераскажување.

Снимката.

Ако не можете да ја најдете, причината е прилично едноставна: не можете да најдете нешто што никогаш не постоело.

Очекуваме Венко Филипче да објасни како СДС успеа од туѓи наслови да произведе туѓи зборови и потоа да ги претстави како факт.

Во демократијата имаме право на сопствено мислење.

Немаме право на сопствени факти.

А кога една опозиција ќе почне да измислува цитати затоа што нема аргументи, проблемот одамна веќе не е „под радарот“.

Сите го гледаат.