Надворешната политика на власта на СДС и ДУИ е попуслива, нема основен принцип да го заштити националниот интерес и оди по пристапот „се што ќе побараат ќе удоволиме“ и така дека ќе бидеме добри и успешни. Но министерот за надворешни работи Османи чија политичка партија поголем приоритет им се игрите на среќа отколку државниот интерес, самиот го потврди тоа што ВМРО-ДПМНЕ го кажуваше, дека ова нема да биде последно барање од Бугарија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ вели дека мора стратешки да се поставиме кон сите овие прашања, кажа Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната дебата во Кочани насловена „И Европа и Македонија, интеграција и идентитет“ во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
Покрај Муцунски свое обраќање пред присутните имаше и професорката и пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, која кажа:
„Овие конфузни луѓе кои себеси си противречат ден за ден, како што гледаат граѓаните, не може да бидат државници. И тие не знаат што е национален интерес. А, Уставот ги изразува и ги штити националните интереси“. По што нагласи : „Можеме да влеземе во Европа со она различното што го имаме за да и го дадеме. Бидејќи ЕУ е единство на различности“, порача пратеничката.
Силјановска Давкова потенцира дека власта никој не ја овластил да менува Устав, за тоа треба да се праша народот.
Согласувајќи се со Муцински и Силјановска Давкова, професорот Александар Спасеновски меѓу другото констатираше:
-Од нас како што можеме да видиме, за жал, тоа е предмет и на истражување и на примери во учебници, многу често се барале, а за жал и денес се бараат исполнување на критериуми, завршување на определени работи, реализирање на определени обврски кој што не се дел од основните обврски кои што беа исправени пред други држави членки на Европската Унија и тоа, за жал, е една тажна реалност во која што живееме и која што постојано ја повторуваме. Во таа смисла, сметам дека ова кое што сега како тема е исправено пред нашата држава, не е воопшто добро, не е воопшто вообичаено и е нешто кое што, навистина, може да има сериозни последици врз самата држава“.