Тие додаваат:

-Единствената вистина е дека заради таксите, даноците и маржите од СДСМ се е поскапо. Сега се драстично ќе поскапи заради покачувањето на давачките за горивата и заради најавеното драстично зголемување на цената на струјата.

Со вештачкото поскапување на горивата, за даноци, такси и акцизи се плаќаат 14,06 денари повеќе по литар. Со криминалното поскапување на струјата од 7,42% лани, со најавата за ново дополнително двоцифрено поскапување на струјата сега, како и со дополнителното поскапувањето на горивата за 4 денари по литар, СДСМ создава споирала на поскапување и сиромаштија во услови на рецесија и осетна инфлација.

Се е поскапо и се ќе поскапува. Зоран Заев удри по граѓаните со најлошата економска одлука што може да се донесе. И причината е само една, затоа што Зоран Заев не ги враќа парите на граѓаните, напротив, ги зголемува сите цени, акцизи, даноци и маржи, за да може власта да е луксузира. Државата е во рецесија, а граѓаните осиромашуваат. Поскапувањата и осиромашувањето на граѓаните се цената на непродуктивното трошење и енормното задолжување на режимот. Се поскапува за да им врват тендерите, рекетите и бизнисите, се поскапува за предизборно да полнат администрација со партиски војници, за да предизборно се дели поткуп. СДСМ ќе им зема пари на граѓаните преку поскапа нафта, за да има за крадење и криминал.

Откако ја презеде власта, Зоран Заев спроведува режим на поскапувања заради кои ги удри земјоделците, таксистите, превозниците, преработувачката индустрија, стопанството, сите домаќинства, пензионерите. Поскапувањето на горивата ќе ги зголеми цените на се, ама буквално на се, на храната, на сметките, на превозот, на земјоделските производи, на облека, на се.

Заради даноците, акцизите и маржите на СДСМ, ќе поскапи се. Се друго е лага, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.