СДСМ системски ја уништува државата со нивната неспособност да се справат со економската, енергетската, здравствената и сите кризи кои ги предизвикаа.
И откако ја покачија цената на струјата затоа што ја оставија државата без свое производство – Ги испразнија хидроакомулациите и продаваа струја кога беше евтина, а сега купуваат кога е скапа, и не копаа јаглен кога требаше, за сега народот, фирмите, општините, јавните претпријатија, сите заедно да ја плаќаат нивната неспособност.
Сметките за струја на општините се и пет до шест пати повисоки во однос пред покачувањето. А, дотациите кои владата им ги дава на општините се помали во однос на претходните години.
И покрај тоа што знаеја дека последиците од економската и енергетската криза допрва ќе се чувствуваат, тие ги намалија парите предвидени за општините во однос на периодот кога со општините владееја кадри на СДСМ.
Ова покажува каква незрелост преовладува во СДСМ и дека се спремни на секакви саботажи.
Но, и покрај бројните опструкции градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за само 100 дена реализираа 1090 проекти, многу повеќе од што нивните претходници од СДСМ реализираа за 4 години.
Тоа се гледа и по тоа што ниту еден градоначалник од СДСМ и ДУИ, во дваесетината општини, каде што ја имаат локалната власт не направија отчет. Не направија затоа нема со што да се пофалат.
Интеграделен текст НА ВМРО-ДПМНЕ