Секое излегување на Бујар Османи на јавна сцена е посмешно и поконтрадикторно од претходното. Еднаш велеа дека имаат мнозинство за уставни измени, а сега велат дека им фалеле само 8 пратеници. Вистината е дека наместо тоа, се појавуваат пратеници од владејачкото мнозинство, вклучително и од СДС кои се против уставните измени под вакви услови и под бугарски диктат, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем и во ДУИ има разногласие. Едно говори Талат Џафери дека уставните измени може да не се стават на гласање во август, друго говори Бујар Османи. Изгледаат како раштиман оркестар. Нека седнат и нека се договорат прво самите со себе.

Јавноста гледа дека секогаш кога Ковачевски, Османи или Маричиќ ќе излезат во јавноста и нервозно говорат за уставните измени, тоа значи дека измените се сѐ подалеку. Единствено кое што е извесно е дека решението се предвремени избори на кои граѓаните суверено ќе одлучат кој концепт е прифатлив за нив.

И Османи и Ковачевски нека не се плашат од соочување со народот“ – велат од партијата.