Од партијата велат дека Шилегов нема ниту еден проект по кој ќе се памети, но дека затоа ќе се памети како градоначалник кој од функција си заминал со две куќи и четири стана на својот имотен лист.
– Како со 60тина илјади денари плата месечно Шилегов успеа да направи куќа во Маврово од 300 м2 и да си ја реновира куќата во Карпош? Само од плата Шилегов не земал повеќе од 50.000 евра за 4 години, тоа не е доволно ниту за куќата во Маврово, а за реновирање на луксузната куќа во Карпош не станува ниту збор. И сето тоа доколку Шилегов не трошел на ништо друго, па дури ниту на храна. Кого лаже Шилегов? Скопјани или себе? Време е за одговори. Време е за одговорност. Време е за промени, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.