-И во 2019 година, и во 2021 година град Скопје на чело со Петре Шилегов го финансира извидничкиот камп на кој малолетни деца сексуално и психолошки се трауматизирани. Документите кои ги објавивме јасно покажуваат дека градот Скопје ги известил и средните училишта за оваа своја активност. Со тоа се покажува дека Шилегов точно знаел што прави и не може да бега од одговорност. Десетици деца ќе имаат долгорочни психолошки последици како резултат на скандалозниот камп кој меѓу другото е овозможен и од финансиите од Шилегов, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Шилегов најмалку што може да направи е да ги побара назад парите, и да се извини на скопјани. А, по промената на власта ќе има и детална истрага за сите можни злоупотреби, за никогаш повеќе да не се повтори.