– Проектот за БРТ кој е замислен да се протега од Лисиче до Ѓорче Петров ќе го уништи средишното зеленило на булеварите „Видое Смилевски – Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски – Питу“, „Кочо Рацин“ и „Партизански одреди“. Мрзеливиот Шилегов заради неговата неработа ќе ја загрози и главната водоводна цевка со дијаметар од Ф 1.600 мм од која со вода се снабдуваат општините Сарај, Ѓорче Петров, Карпош, Центар, Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Драчево, Зелениково и Студеничани и е градена 1967-1968 со заварени челични цевки и се наоѓа на 2 метри длабочина во средишната зона на булеварот „Партизански одреди“, каде што впрочем и ќе поминува БРТ, а која е заштитна зона на водоводната цевка, така што и најмали осцилации може да имаат фатални последици – велат советниците.

Според нив, патниците ќе бидат принудени да поминуваат три ленти за да стигнат до автобуската постојка или при излегување од автобусот да го поминат булеварот, а не како сега директно од автобусот да се најдат на пешачка зона, со што се загрозува безбедноста во сообраќајот, но и се отвора потреба од пешачки натпатници, што е многу скапо, а нивното користење до сега се покажало како минимално од страна на граѓаните.

– За БРТ мрзеливиот Шилегов ќе потроши 70 милиони евра пари на скопјани, а ќе предизвика метеж и сообраќајни проблеми, наместо да направи две подземни сообраќајници, едната од Влада до Комплекс банки која ќе го скрати патувањето за половина час од Аеродром до Карпош т.е. исток – запад и обратно. И втората позади Рамстор со иновативни кружи текови на две нивоа која комплетно го решава проблемот со сообраќајот од насока Карпош – Кисела Вода и обратно – велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.