– Во момент кога ќе добиеме елаборат за суспензија го процесираме, нашите служби ќе постапат веднаш и ќе го вратиме во Општина Центар, така што и градоначалникот потврди дека елаборат не е доставен, тој доставил прашалник како да се изработи елаборатот. Елаборатот го изработуваат стручните служби на Општина Центар, Комисијата за урбанизам, и го доставува до Министерството за транспорт и врски, изјави Бочварски.

Тој потенцираше дека Законот за урбанистичко планирање е јасен односно деталните урбанистички планови се сопственост на општините.

– Кога ќе добиеме во рок од 15 дена ќе се изјасниме во однос на суспензија на тој план. Тоа е наше мислење коешто се враќа во Советот на матичната општина и потоа гласат советниците. Додека не добиеме барање за суспензија или елаборат за суспензија, ние немаме предмет по кој ќе постапуваме, рече Бочварски.