– 8.5 пати е зголемен долгот. Градот е задолжен, а никој не знае за што и како се потрошени овие пари. Во истовреме Шилегов само се расфрла за набавки на ствари и услуги кои ги плаќа двојно и тројно поскапо. Шилегов само со една набавка, таа на противпожарното возило со скала потроши 900.000 евра повеќе од тоа што троши град Загреб, велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ посочува само со една набавка Шилегов им зема 1 милион евра на скопјани.

– Иста е постапката и со набавката на клупи со 7 даски за 500 евра. Шилегов воопшто не размислува како ги троши парите на скопјани. Трошејќи се заборавил, па троши и од парите на идните генерации. 4 години Шилегов, 4 години украден живот. Доста е, додаваат од партијата.