Оливер Спасовски е должен пред јавноста да одговори, како синот на командантот Баци, Наим Самиу, од тетовско Шемшово, осуден за 3 кривични дела и акт за куќен притвор, му избега од пред очи.
Лицето Наим Самиу, се наоѓал во куќен притвор поради дрога кокаин, а имал и мерка поради семејно насилство, кога на 13-ти месецов, повторно е пријавен за семејно насилство. На 15-ти декември полицијата го спроведува до суд за трето кривично дело. Истиот ден се готви решение за активен притвор наместо куќен. Полицијата го враќа дома, а веќе следното утро, на 16-ти, полицијата не го наоѓа дома за да го спроведе во истражен затвор, велат од ВМРО.
Тука се поставува прашањето, дали некој му јавил на Самиу, од внатре во МВР, каде општо е познато дека, неговиот татко командант Баци, е близок со кадрите на СДС, во оваа институција?
По којзнае кој пат, Спасовски повторно нема одговори, на прашањата, кои ги поставува јавноста. За среќа на народот Спасовски за еден месец, веќе нема да биде на местото, на кое се наоѓа сега, велат од партијата.