Вечерва со Одлука на Влада Оливер Спасовски е навидум само спасен од кривична одговорност за ограничени слободи и права на над 40.000 граѓани на кои не им издале лична карта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Оливер Спасовски не може да побегне од одговорноста што со месеци десетици илјади граѓани не можат да си ги остварат своите секојдневни обврски, да учествуваат во правниот промет, да подигнат или да испратат пари во банка. Десетици илјади граѓани заради Оливер Спасовски беа оставени на маргините на системот, подвлекуваат од партијата.

„После 30 години откако Македонија е независна се случи системот да не функционира. Крах на системот немало ниту во транзицијата, ниту 2001 година. Оливер Спасовски и Зоран Заев ќе одговараат, а првата казна доаѓа во октомври. Време е за Македонија за сите луѓе“