Од опозициската партија посочуваат дека реалноста е сосема друга. Како што велат тие, 600 илјади граѓани живеат во сиромаштија, се исплаќаат месечни плати од 2 денари или 100 денари, се најавуваат нови бранови отпуштања во текстилниот сектор, 6.200 компании ставија клуч на врата, а поради поскапувањата на горивата и струјата се случува рапиден пад на стандардот на граѓаните.

– Ако ова за СДСМ е успех, тогаш навистина имаат сериозен проблем со реалноста. Македонија е на дното во регионот по раст на БДП и по прилив на странски инвестиции, а единствено кое расте е долгот кој веќе достигна 7 милијарди евра, односно само во владеењето на Заев и СДСМ секое семејство е задолжено во просек со 4.800 евра нов долг. Овие четири години власт на Заев се четири години украдени години за граѓаните и економијата. Владејачката елита јаде со златни лажици, додека народот преживува. Власта ги подели граѓаните, на елита од прв ред и сите останати граѓани од втор ред. Тоа мора да престане. Македонија за сите луѓе е концептот кој ќе го порази Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.