Срамна е одлуката на антимакедонската влада предводена од Ковачевски да не присуствуваат на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Изјавите од функционерите на СДС дека отворањето на културниот клуб во Благоевград е приватен настан, се навредите на СДС кон македонското малцинство во Бугарија.Одлуката за неприсуството на овој настан од страна на антимакедонската власт е понижувачка и недостојна. Македонското малцинство во Бугарија заслужува почит и грижа од страна на државата.
Овој настан е одлична можност да се покаже национално единство и поддршка за македонското малцинство во Бугарија. Но власта на СДС не се надмина себеси, и не ја надмина својата поданичка политика. Антимакедонската СДС одлучи да слугува за туѓи интереси.
Наспроти бугарските клубови отворени во Македонија, кои носат фашистички имиња, македонскиот клуб во Благоевград носи име на големиот деец Никола Вапцаров, лик од историјата кој обединувал и поврзувал.
Антимакедонската СДС води целосна негрижа за своите граѓани, како во државата, така и надвор од неа. Додека дома целосно ја опљачка државата и ги осиромаши граѓаните, така и надвор од границите, целосно ги игнорира барањата и го остава без никаква поддршка македонското малцинство.
За ваквата антидржавна политика, Ковачевски, Пендаровски и функционерите од СДС ќе ја добијат казната од граѓаните