Штом Ковачевски дезертирал од служење на воен рок со тапијата за ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН, тогаш постојат основани сомненија, врз основа на членовите 34, 35, 36, 37 и 38 од Законот за вонпарнична постапка, да се поведе процес за испитување и одземање на неговата деловна способност, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Штом знаел да трча по оправданија за неспособност кога требало да одговори на повикот на државата, тогаш сега кога е Премиер треба да се утврди дали е во состојба да ја врши функцијата.

Штом имал дијагноза за трајна неспособност тогаш, сега треба да се види дали НЕСПОСОБНОСТА прогресирала или е статус-кво.

Деловната способност е особено важна за функцијата Премиер, па затоа го повикуваме судот веднаш да реагира“, велат од партијата.