„Совршено јасно е дека Блерим Рамадани е пуштен во домашен притвор од каде избега од истите судии кои со години му слугуваат и го штитат криминалот на СДС и ДУИ.
Зошто не реагира Судскиот совет на ваквата одлука на Судиите?
Затоа ли СДС и ДУИ се против распуштање на Судскиот совет и реформи во судството?
Да потсетиме дека ова не е прв случај да се пуштаат на слобода вакви лица. Во 2019 година на слобода е пуштен и Косоварот Томор Морина кој на Косово го пречекаа со музика, од истите судии и спрега која ја контролира СДС и ДУИ.
СДС и ДУИ се рак рана и извор на криминалот во ова општество и ќе има одговорност за сите кои ја попречуваат правдата.”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.